На 18.07.2026 година во 21:30 часот, во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека во својот дом била физички нападната од нејзината 13-годишна внука.
Според пријавата, малолетничката упатувала и закани со остар предмет кон пријавителката и кон други членови на семејството.
Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

