Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе ја посети Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес.
Во рамки на посетата, Мисајловски ќе изврши увид во тековните градежни активности во касарната.
Според информациите од Министерството за одбрана, посетата е предвидена за 10:15 часот, а по завршувањето на увидот министерот ќе даде изјава за медиумите.

