Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фејсбук повторно падна, корисниците ширум светот не можат да пристапат до профилите

    Фејсбук повторно падна, корисниците ширум светот не можат да пристапат до профилите

    19.07.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Популарната социјална мрежа Фејсбук во моментов се соочува со сериозни технички потешкотии кои го оневозможуваат нејзиното нормално функционирање на глобално ниво. Голем број корисници ширум светот алармираат дека воопшто немаат пристап до десктоп-верзијата на оваа платформа, а според нивните тврдења, сериозни пречки и кочења се забележуваат и кај мобилната апликација.

    Проблемот веќе е детектиран и на специјализираните платформи за следење на состојбата на интернет мрежите. Таму во изминативе неколку минути нагло се проширија илјадници пријави од засегнати граѓани од повеќе земји, кои не успеваат да ги отворат своите профили.

    Како што посочуваат корисниците, при секој обид за најава на мрежата, системот автоматски им испишува официјално соопштение во кое се вели дека се работи за дефект на самата страница кој набрзо би требало да биде саниран.

    Еве ја точната порака која им се појавува на корисниците на нивните екрани:

    „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради PROBLEM со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“

    Техничкиот колапс на мрежата на Мета е регистриран рано наутро, по што следеше бран поплаки на останатите социјални мрежи каде корисниците масовно споделуваат за падот на платформата.

    Според веб-страницата „Доундетектор“, проблемот е регистриран околу 9 часот, по што брзо се прошириле пријави од корисници од повеќе земји низ светот. Последен пат Фејсбук имаше сличен глобален прекин на 12 јуни, кога платформата не функционираше на ниту еден уред.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.