Close Menu
Press24
    Најново

    ЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, претставуваат сериозна загриженост 

    17.07.2026 во 17:46

    Директорката на ЈП „Водовод“-Гостивар: 1.200 гостиварци во болница не завршија од водата, туку од храната

    17.07.2026 во 16:32

    Потера кај Танушевци: Шверцувал стока, полицијата му одзеде две товарни возила

    17.07.2026 во 16:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, претставуваат сериозна загриженост 
    • Директорката на ЈП „Водовод“-Гостивар: 1.200 гостиварци во болница не завршија од водата, туку од храната
    • Потера кај Танушевци: Шверцувал стока, полицијата му одзеде две товарни возила
    • Мигрант од Пакистан пронајден мртов кај Мрзенци
    • Ристоска: Не е точно тврдењето на Савески дека „Талир 2“ во мое надлежно постапување ако не поднесов оставка
    • Преку социјална мрежа ѝ средувал кредит: 44-годишна жена дала 50.000 денари за измама
    • Мечка нападнала маж додека берел печурки кај Ресен
    • Издадена забрана за пиење на водата во Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, претставуваат сериозна загриженост 

    ЕК: Мешањата и притисоците од страна на другите власти кон судството, претставуваат сериозна загриженост 

    17.07.2026 во 17:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за владеењето на правото носи серија сериозни критики на сметка на државава, лоцирајќи директни мешања и притисоци врз правосудниот систем од страна на претставници на власта. Документот од Брисел посебно ги става под лупа спорните измени на Кривичниот законик, контроверзната постапка за разрешување на поранешниот јавен обвинител, како и високата стапка на корупција во секторите јавни набавки и здравство.

    Европските аналитичари алармираат дека независноста на судиите и автономијата на обвинителите се сериозно загрозени поради хроничниот недостиг на буџетски средства. Дополнително, во извештајот се констатира дека владини функционери ја засилиле својата директна критика кон правосудните органи, додека начинот на кој се одвиваше разрешувањето на главниот јавен обвинител јасно покажал висок ризик од политизација, што на крајот резултираше со негова оставка.

    Во однос на Собранието, ЕК нотира дека иако има одредено подобрување на ефикасноста во законодавниот дом, сепак останува загрижувачкиот тренд каде што огромен број клучни закони и понатаму се носат по скратена постапка.

    Европската комисија во својот официјален извештај отворено и детално ги лоцира притисоците врз правосудните органи во земјава:

    „Мешањето и притисоците од другите гранки на власта и понатаму предизвикуваат сериозна загриженост во однос на почитувањето на независноста на судството. Избрани функционери и претставници на Владата ја засилилиа личната критика кон судиите и јавните обвинители, обвинувајќи ги за корупција, а од највисоките владини структури беа дадени изјави за планови за „прочистување“ на судството и обвинителството. Ваквите изјави носат ризик да ја поткопаат независноста на судството и принципот на поделба на власта. Постапката за разрешување на главниот јавен обвинител откри ризик од политизација и недостатоци во правилата за разрешување, стои во документот.“

    Брисел директно ги посочува законските измени донесени во 2023 година како една од најголемите пречки во борбата против криминалот на високите функционери. Како што се потенцира во анализата, случаите на корупција од висок профил речиси никогаш не добиваат правосилен судски епилог, што кај граѓаните создава перцепција за апсолутна неказнивост.

    Застарената техника, немањето обвинители и лошите финансии дополнително ја врзуваат раката на ОЈО за гонење организиран криминал.

    Во извештајот децидно се наведува дека нема напредок во процесуирањето на предметите против високи јавни функционери во споредба со минатото:

    „И покрај неодамнешните напори за истражување и гонење на корупцијата, одложувањата во судските постапки, ретките правосилни пресуди и ограничените ресурси и понатаму го попречуваат воспоставувањето на силен биланс на резултати во предметите за корупција на високо ниво. Резултатите во борбата против корупцијата, особено кај предметите што се однесуваат на високи јавни функционери, останаа на приближно исто ниво како и во претходниот извештаен период, стои во документот.“

    Како посебни „рак-рани“ во македонскиот систем, Европската комисија ги издвојува јавното здравство и тендерските процедури. ЕК оценува дека антикорупциските механизми кај јавните набавки се речиси неразвиени и постои ограничена конкуренција, додека во здравствениот систем граѓаните секојдневно се соочуваат со т.н. ситна корупција.

    Прочитај повеќе

    Директорката на ЈП „Водовод“-Гостивар: 1.200 гостиварци во болница не завршија од водата, туку од храната

    17.07.2026 во 16:32

    Потера кај Танушевци: Шверцувал стока, полицијата му одзеде две товарни возила

    17.07.2026 во 16:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.