Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: „Изгубивме ангел” – Погребана младата Јована која загина на враќање од Острог

    17.07.2026 во 10:15

    ГАЛЕРИЈА: Фрлил дрога, па бегајќи влечел и цариник со БМВ – Кривична за возачот кој направи хаос на Блаце

    17.07.2026 во 10:01

    Пропуштени контроли, 56 кг вишок канабис: Кривична за поранешна претседателка на комисија во МЗ

    17.07.2026 во 09:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: „Изгубивме ангел” – Погребана младата Јована која загина на враќање од Острог
    • ГАЛЕРИЈА: Фрлил дрога, па бегајќи влечел и цариник со БМВ – Кривична за возачот кој направи хаос на Блаце
    • Пропуштени контроли, 56 кг вишок канабис: Кривична за поранешна претседателка на комисија во МЗ
    • Влада: Работодавците ќе добијат до 250.000 денари за ново вработено лице
    • СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами со високите цени – Дизелот поскапе, следат повисоки цени во маркетите
    • СДСМ ја нападна Сиљановска-Давкова за Изборниот законик: „Нејзините изјави отвораат повеќе прашања отколку одговори“
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ се здружија за да го блокираат напредокот кон ЕУ
    • ФОТО: Невремето предизвика пожар – Гром удрил кај Макреш, огнот голтал сува трева и шума
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: „Изгубивме ангел” – Погребана младата Јована која загина на враќање од Острог

    ФОТО: „Изгубивме ангел” – Погребана младата Јована која загина на враќање од Острог

    17.07.2026 во 10:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Несреќната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште која на 21 година загина на 12. јуни во тешката несреќа која се случи кога минибус излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора, вчера беше испратена во вечниот дом.

    -Дојдовме да ја тешиме мајката која е скршена од болка. Нема зборови за утеха во овие моменти. Го загуби својот ангел, својата душа. Тој човек ако не заспиел зад воланот, сега ќе спремавме свадба за Јована, а не погреб, велат роднини за спрките медиуми.

    Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека возачот поради замор и поспаност изгубил контрола над возилото.

    Од црногорската полиција информираат дека со минибусот управувал 68-годишниот М.Љ. од Котор. Возилото најпрво удрило во карпа покрај патот, по што се превртело.

    На возачот му е одреден притвор.

     15 јули, беше прогласен за ден на жалост во Ниш. Веста за смртта на Јована длабоко ги потресе жителите на нишкото село Вртиште.

    – Јована заврши средно училиште „12 февруари“ во Ниш. Потоа се вработи во една обложувалница во градот. Беше во долга врска, а најавуваа и свршувачка. На море замина со помладата сестра. Требаше сега да се вратат дома, но ги снајде трагична судбина – раскажал еден жител на Вртиште.

    Соселаните велат дека особено ги погодиле околностите под кои се случила трагедијата.

    – Каква е тоа правда? Веројатно се помолила, запалила свеќа, не знаејќи што ја чека. Судбина ли е, којзнае. Се зборува дека возачот бил уморен. Можеби и работодавачот го натерал да вози во таква состојба, не треба однапред никого да осудуваме. Жалосно е што Јована го плати тоа со својот живот – изјавил сосед на загинатата девојка.

    Според податоците на српските медиуми, Јована седела до прозорецот на минубусот, и излетала од стаклото за време на несреќата.

    Приватна Архива, Јована Станковиќ

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: Фрлил дрога, па бегајќи влечел и цариник со БМВ – Кривична за возачот кој направи хаос на Блаце

    17.07.2026 во 10:01

    Пропуштени контроли, 56 кг вишок канабис: Кривична за поранешна претседателка на комисија во МЗ

    17.07.2026 во 09:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.