Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение

    16.07.2026 во 22:05

    Почина мајката на Крис Џенер на 91-годишна возраст: „Таа беше срцето на нашето семејство“

    16.07.2026 во 21:46

    Горан се бори со агресивен карцином на црниот дроб, семејстото апелира за помош

    16.07.2026 во 21:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение
    • Почина мајката на Крис Џенер на 91-годишна возраст: „Таа беше срцето на нашето семејство“
    • Горан се бори со агресивен карцином на црниот дроб, семејстото апелира за помош
    • Силен земјотрес го стресе Нов Зеланд: 5,9 степени според Рихтер
    • Голем пад на акциите на „Спејс икс“, инвеститорите во загуба
    • Меџити ги пречека делегациите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“
    • Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении
    • Со 264 гласа „за“ потврден новиот владин кабинет во Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение

    Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение

    16.07.2026 во 22:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една изборна единица е добро решение, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако како решение го има во две до три држави, сепак претседателката смета дека добро е тоа да го има и кај нас.

    – Иако е ретко решение, дали го има во две или три држави, сепак добро е да го има кај нас затоа што во разни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има иста тежина – рече вечерва Сиљановска-Давкова во интервјуто за телевизија „Канал 5“.

    Во однос на дијаспората, претседателката нагласува дека според Уставот, избирачкото право, без разлика дали е активно или пасивно, се врзува со државјанството и смета дека во Изборниот законик имаме чудно решение, кое ја дискриминира дијаспората.

    – Најголем број држави на светот ѝ дозволуваат на дијаспората да гласа. На прсти може да се избројат, можеби две, што не дозволуваат дијаспората да гласа, а има една или две држави во кои, по истек на 10 години, не може дијаспората веќе да гласа. Но она што е чудно кај нас е што на локални избори гласа дијаспората, тоа е непознат феномен – вели Сиљановска-Давкова.

    Невозможно е да се испраќаат луѓе во дипломатско-конзуларните претставништа, вели Сиљановска-Давкова, и затоа најчесто се посегнува кон електронско гласање или гласање по пошта.

    Во однос на забелешките од опозицијата дека електронското гласање може да биде можност за изборен грабеж, претседателката со став дека токму опозицијата е таа што овозможи електронски попис.

    – Опозицијата овозможи регистрирање по електронски пат на попис, непознат феномен бидејќи на попис се регистрираат само оние што се најдолго 12 месеци надвор. Кај нас си се регистрираа електронски и тие влегоа во пописните резултати, што беше спротивно на правилата во Советот на Европа – посочи Сиљановска-Давкова.

    Според неа, добро е да има консензус за Изборниот законик. Смета дека треба да се постигне консензус за платеното политичко рекламирање.

    Во однос на техничката влада,, која се укина со закон, чиј указ го потпиша, Сиљановска-Давкова рече дека решението што сме го имале било партиско.

    – Јас сум за техничка влада каква што постои во Бугарија, каква што постои во Грција, во Италија. Нивната цел е да обезбедат фер и демократски избори, без никакво партиско влијание. Она што го имавме ние е нешто сосема друго – рече Сиљановска- Давкова.

    Прочитај повеќе

    Горан се бори со агресивен карцином на црниот дроб, семејстото апелира за помош

    16.07.2026 во 21:31

    Меџити ги пречека делегациите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“

    16.07.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.