Close Menu
Press24
    Најново

    Македонски државјанин почина во притвор во Валона

    16.07.2026 во 10:26

    „Паркинзи на Општина Центар“ под ревизорски лупа: Не уплатиле 86,3 милиони денари комунална такса

    16.07.2026 во 10:23

    ДЗС ги мобилизира доброволните пожарникари за брз одговор при пожари

    16.07.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонски државјанин почина во притвор во Валона
    • „Паркинзи на Општина Центар“ под ревизорски лупа: Не уплатиле 86,3 милиони денари комунална такса
    • ДЗС ги мобилизира доброволните пожарникари за брз одговор при пожари
    • Левица обвинува: Пропадна изборната реформа, најголемите партии ќе поделат 10 милиони евра
    • Водовод соопшти каде ќе нема вода денеска
    • Нови жаришта на сипаници кај овци и кози – АХВ уверува дека нема ризик за здравјето на луѓето
    • Дома имал хероин, кокаин и марихуана – Македонската полиција го фати
    • СДСМ со критики до Владата: Граѓаните се со празни џебови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Паркинзи на Општина Центар“ под ревизорски лупа: Не уплатиле 86,3 милиони денари комунална такса

    „Паркинзи на Општина Центар“ под ревизорски лупа: Не уплатиле 86,3 милиони денари комунална такса

    16.07.2026 во 10:23Updated:16.07.2026 во 10:292 Mins Read
    ДЗР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во финансиското работење на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година.

    Ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на претпријатието, како и мислење со резерва за усогласеноста на работењето со законската регулатива.

    Во ревизорскиот извештај се посочува дека дел од опремата и градежните објекти, меѓу кои паркомати, монтажни конструкции и друга урбана опрема, не биле соодветно евидентирани, а не била пресметана ниту амортизација за средствата ставени во употреба во текот на 2024 година.

    ДЗР утврдил и дека претпријатието има неплатени побарувања од 80,1 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра. Од нив, повеќе од 331 илјада евра се постари од шест години, за кои не биле преземени навремени мерки за наплата.

    Ревизијата покажала и дека при отпис на побарувања во износ од 2,2 милиони денари не бил пресметан и уплатен данок на личен доход, со што, според ДЗР, биле помалку уплатени средства во државниот буџет.

    Констатирани се слабости и кај пописот на средствата, сметководствените политики, заклучувањето на трговските книги и благајничкото работење.

    Дополнително, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ има искажани обврски за комунална такса од 86,3 милиони денари, односно околу 1,4 милиони евра, кои не биле уплатени во Буџетот на Општина Центар.

    Ревизорите утврдиле и неправилности при пресметката и исплатата на плати и надоместоци, слабости во јавните набавки, како и несоодветна организација на внатрешната ревизија.

    Државниот завод за ревизија доставил препораки до надлежните институции и одговорните лица за отстранување на утврдените недостатоци и подобрување на финансиското управување во претпријатието.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Македонски државјанин почина во притвор во Валона

    16.07.2026 во 10:26

    ДЗС ги мобилизира доброволните пожарникари за брз одговор при пожари

    16.07.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.