62-годишен кавадарчанец е тешко повреден при несреќа на работно место во објект во изградба во Кавадарци.
Од ОВР Кавадарци информираат дека на 14 јули 2026 година во 11:25 часот било пријавено дека во Општата болница Кавадарци бил донесен С.С. (62) со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, повредите ги здобил додека извршувал работни задачи во објект во изградба.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

