СВР Скопје расчистува случај на физички напад и наводна закана со огнено оружје, пријавен од вработен во ЈП „Комунална хигиена“.
Според пријавата, на 14 јули 2026 година околу 17:50 часот, на улицата „Маџари“ во Скопје, 48-годишниот Р.И. бил физички нападнат од Б.П. (52) од Скопје, кој пристигнал со возило додека пријавителот ги извршувал работните задачи.
По нападот, според исказот на Р.И., Б.П. со возилото го следел до неговиот дом, а тој пријавил и дека слушнал истрели од огнено оружје.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

