СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Г.А. од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според пријавата, на 8 јули 2026 година, пред станбена зграда во Куманово, по претходна вербална расправија, Г.А. со пиштол им упатил закани на И.М. и неговите два сина, по што испукал три куршуми во воздух.
По преземените мерки и активности, СВР Куманово поднело соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

