Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска, ќе извршат увид во реконструираната улица „Лазар Димитров“.
Обновата на сообраќајницата е реализирана во соработка меѓу Министерството за транспорт и Општина Кисела Вода. Со проектот е реконструирана делница во должина од околу 800 метри, со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење на жителите.
По увидот во завршените градежни работи, предвидени се изјави за медиумите од вицепремиерот Николоски и градоначалничката Стаменковска-Трајковска.

