Close Menu
Press24
    Најново

    Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

    15.07.2026 во 20:27

    ВИДЕО: МВР му ги собра сите шест автомобили на Александар Лазаров од Кочани

    15.07.2026 во 20:04

    Несекојдневен јубилеј: Градоначалникот Сашко Митовски ја посети највозрасната сограѓанка по повод нејзиниот 100-ти роденден

    15.07.2026 во 19:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ
    • ВИДЕО: МВР му ги собра сите шест автомобили на Александар Лазаров од Кочани
    • Несекојдневен јубилеј: Градоначалникот Сашко Митовски ја посети највозрасната сограѓанка по повод нејзиниот 100-ти роденден
    • Ирански политичар: Мора да бидеме подготвени за две до три години војна со САД
    • Зеленски: Украина е Европа, Европа е Украина
    • Руските напади за една третина го намалија извозот на жито преку украинските пристаништа
    • Меџити оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер
    • Ленче Ристоска: Ми го земаа предметот „Талир 2“ за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

    Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

    15.07.2026 во 20:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека е подготвен да остане зад својот предлог за придружно членство на Украина и земјите од Западен Балкан во Европската унија.

    Мерц изјави дека концептот добил мешан прием во Украина поради домашни политички причини, но дека идејата била добро прифатена од другите лидери на ЕУ.

    „Цели 13 години не сме примиле ниту една нова членка во ЕУ. Иако им ветивме на цела низа земји во Европа пристапување кон Европската унија“, рече Мерц.

    Тој оцени дека ЕУ мора или да ги повлече тие ветувања и да каже дека е невозможно некој да се приклучи, што, како што рече, „би било најлошото решение за сите“ или да се движи напред и да се постигне одреден напредок „чекор по чекор“.

    „Можете да го наречете поинаку, но ако го изгубиме кредибилитетот, губиме повеќе од тоа. Ги губиме тие земји, а геополитички, тоа би било најлошото нешто што може да ни се случи нам Европејците“, рече Мерц.

    Тој потврди дека процесот на пристапување во ЕУ е „комплициран“ и можеби нема да може да напредува толку брзо како што некои би сакале, но нагласи дека е решен ЕУ да остане кредибилна со своите ветувања за членство.

    Мерц го испрати предлогот во форма на нон-пејпер до лидерите на Европската унија на 18 мај, а јавноста дозна за него три дена подоцна.

    Предлогот подразбира забрзана интеграција и воведување преодни статуси за кандидатите пред полноправно членство.

    За Западен Балкан и Молдавија, предлогот предвидува статус на набљудувач во телата на ЕУ и привилегиран пристап до единствениот европски пазар и институции дури и пред формалното членство, а за Украина статус на придружен член, што би ѝ овозможило да учествува на состаноците на ЕУ и да отвора поглавја од преговорите, но без право на глас.

    Прочитај повеќе

    Ирански политичар: Мора да бидеме подготвени за две до три години војна со САД

    15.07.2026 во 19:44

    Зеленски: Украина е Европа, Европа е Украина

    15.07.2026 во 19:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.