Close Menu
Press24
    Најново

    Расчистено убиството на паркинг во Железара: Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски

    15.07.2026 во 13:39

    Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува – законот важи за сите

    15.07.2026 во 13:31

    Осуденици под полициски надзор ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ Македонија

    15.07.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Расчистено убиството на паркинг во Железара: Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски
    • Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува – законот важи за сите
    • Осуденици под полициски надзор ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ Македонија
    • Стојаноски: СДСМ, ДУИ и Левица свесно ја блокираа изборната реформа – граѓаните останаа без 4,2 милиони евра од ЕУ
    • Мицкоски ги повикува СДСМ, ДУИ и Левица на зрелост: „Нека напишат Изборен законик, ние бланко ќе го поддржиме“
    • Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена
    • Мицкоски: Мандатот на оваа Влада е до 2028 година, но подготвени сме и на предвремени избори ако бидеме предизвикани
    • Горештини низ цела Македонија, за викендот уште потопло – УХМР со временска за цела недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Расчистено убиството на паркинг во Железара: Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски

    Расчистено убиството на паркинг во Железара: Сопружници осомничени за ликвидацијата на докторот Ацо Трповски

    15.07.2026 во 13:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинителен предлог против сопружници кои се осомничени за ладнокрвното убиство на матичниот лекар Ацо Трповски. По долга истрага, обезбедени се докази кои упатуваат на тоа дека 65-годишен маж е директниот извршител на делото, додека неговата 59-годишна сопруга му помогнала да го намести докторот и потоа да ги сокрие трагите.

    Според наодите на истрагата, клучниот момент се случил на паркинг во скопската населба Автокоманда, каде што сопружниците ја поставиле стапицата, по што телото на починатиот лекар со автомобил го пренеле до Железара.

    Обвинителството во своето соопштение во детали го опишува свирепиот чин и поднесувањето на мерката притвор.

    „На 21.03.2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело. Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.“

    Бришење на доказите и предлог за притвор

    Како што се појаснува во официјалниот допис, по извршеното убиство сопружниците работеле заеднички за да го прикријат злосторството од очите на јавноста и полицијата.

    „Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале. Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.“

    Прочитај повеќе

    Летал со владиниот авион и трошел службени пари – Обвинение против екс-директорот на СОЗР

    15.07.2026 во 11:36

    Млад скопјанец истепан среде улица

    15.07.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.