Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Вашингтон: Министерска конференција за борба против тероризам

    15.07.2026 во 10:09

    Доброволните пожарникари се подготвуваат за летните пожари – Денеска постројување во Аеродром

    15.07.2026 во 10:06

    Две гранати најдени близу викендица во Македонија

    15.07.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Вашингтон: Министерска конференција за борба против тероризам
    • Доброволните пожарникари се подготвуваат за летните пожари – Денеска постројување во Аеродром
    • Две гранати најдени близу викендица во Македонија
    • Тешка сообраќајка на „Партизанска” – Има повредени
    • Топлотен бран во цел регион – И Македонија „се пржи”, па следи силно невреме
    • ВРЕДИ: Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз
    • ФОТО: Младата Јована ќе биде погребана утре – Ден на жалост во Ниш по страшната трагедија
    • Го нападнал со нож – Македонец осомничен за обид за убиство на Србин во Хрватска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Вашингтон: Министерска конференција за борба против тероризам

    Муцунски во Вашингтон: Министерска конференција за борба против тероризам

    15.07.2026 во 10:092 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио.

    За време на престојот, Муцунски ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам, на која ќе присуствуваат високи претставници од повеќе од 60 држави.

    Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, целта на состанокот е унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

    Од МНРиНТ посочуваат дека конференцијата ќе биде можност за продлабочување на соработката со САД и останатите партнери, преку размена на безбедносни информации и координиран пристап кон новите предизвици.

    Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и механизмите за превенција и рано препознавање на заканите.

    Муцунски ќе ги претстави и активностите на Северна Македонија за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за унапредување на законската и институционалната рамка.

    За време на посетата, предвидена е и средба на маргините на конференцијата со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Доброволните пожарникари се подготвуваат за летните пожари – Денеска постројување во Аеродром

    15.07.2026 во 10:06

    Две гранати најдени близу викендица во Македонија

    15.07.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.