Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија со повеќе болнички кревети од 14 земји членки на ЕУ

    Македонија со повеќе болнички кревети од 14 земји членки на ЕУ

    15.07.2026 во 08:092 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Европската Унија во 2024 година имало просечно 507 болнички кревети на 100.000 жители, што претставува благо намалување во однос на 2023 година, кога биле регистрирани 511 кревети, покажуваат податоците на Евростат.

    Намалувањето на бројот на болнички кревети е тренд што трае од 2009 година, кога во ЕУ имало 582 кревети на 100.000 жители. Според Евростат, причините се поврзуваат со напредокот на науката и технологијата, што доведе до пократко времетраење на болничкиот престој кај многу процедури, како и поголема примена на амбулантско и дневно лекување.

    Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу болнички кревети има Бугарија – 870 на 100.000 жители, потоа Германија со 759, Романија со 731, Австрија со 655 и Чешка со 639.

    На спротивниот крај се Шведска со 187 болнички кревети на 100.000 жители, Холандија со 221, Данска со 226, Финска со 248, Шпанија со 283 и Ирска со 293.

    Кај установите за долготрајна нега, најголем број кревети имаат Холандија со 1.390 на 100.000 жители, Шведска со 1.298 и Белгија со 1.249. Најмалку имаат Грција со 20 и Бугарија со 26 кревети за долготрајна нега на 100.000 жители.

    Последните достапни податоци на Евростат за Северна Македонија се од 2021 година, според кои земјата имала 449 болнички кревети и 51 кревет за долготрајна нега на 100.000 жители. Според бројот на болнички кревети, Северна Македонија се наоѓала пред 14 земји членки на ЕУ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.