Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава

    Герасимовски: Сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава

    14.07.2026 во 12:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината.

    Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена.

    „Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања,  сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

    Општина Центар останува пример во инвестициите во образованието, создавајќи современи, функционални и безбедни училишта, во кои секое дете ќе има еднакви можности за квалитетно учење и целосен развој.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.