Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: „Летал” со 179 км/ч – МВР приведе возач, му го задржа и Мерцедесот

    14.07.2026 во 09:21

    ФОТО: Наместо веридба и свадба, замина во смрт – Младата Јована излета од прозорецот на минибусот и загина на враќање од Острог

    14.07.2026 во 09:11

    Нови цени на горивата: Дизелот поскапе за 5,5 денари, поскапува и бензинот

    14.07.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: „Летал” со 179 км/ч – МВР приведе возач, му го задржа и Мерцедесот
    • ФОТО: Наместо веридба и свадба, замина во смрт – Младата Јована излета од прозорецот на минибусот и загина на враќање од Острог
    • Нови цени на горивата: Дизелот поскапе за 5,5 денари, поскапува и бензинот
    • Кадар на ЗНАМ – Борче Серафимовски го презема земјоделскиот ресор
    • Од Фондот за здравство во Владата: Клековски го презема ресорот здравство
    • Собранието го избра Ѓоко Велковски за нов министер во социјалниот ресор
    • Професорот Јетон Шасивари избран за министер за правда
    • Стоилковиќ од заменик-премиер на чело на Министерството за локална самоуправа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Наместо веридба и свадба, замина во смрт – Младата Јована излета од прозорецот на минибусот и загина на враќање од Острог

    ФОТО: Наместо веридба и свадба, замина во смрт – Младата Јована излета од прозорецот на минибусот и загина на враќање од Острог

    14.07.2026 во 09:11Updated:14.07.2026 во 09:222 Mins Read
    VATROGASNA JEDINICA KOTOR
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште.

    Веста за нејзината смрт длабоко ги потресе жителите на ова нишко село.

    – Јована заврши средно училиште „12 февруари“ во Ниш. Потоа се вработи во една обложувалница во градот. Беше во долга врска, а најавуваа и свршувачка. На море замина со помладата сестра. Требаше сега да се вратат дома, но ги снајде трагична судбина – раскажал еден жител на Вртиште.

    Соселаните велат дека особено ги погодиле околностите под кои се случила трагедијата.

    – Каква е тоа правда? Веројатно се помолила, запалила свеќа, не знаејќи што ја чека. Судбина ли е, којзнае. Се зборува дека возачот бил уморен. Можеби и работодавачот го натерал да вози во таква состојба, не треба однапред никого да осудуваме. Жалосно е што Јована го плати тоа со својот живот – изјавил сосед на загинатата девојка.

    Според податоците на српските медиуми, Јована седела до прозорецот на минубусот, и излетала од стаклото за време на несреќата.

    За потсетување, несреќата во која Јована загина, 16 лица бе повредени, меѓу кои 6 деца, се случи  на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора.

    Несреќата се случила кога минибус со српски туристи излетал од патот и се превртел. Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека возачот поради замор и поспаност изгубил контрола над возилото.

    Од црногорската полиција информираат дека со минибусот управувал 68-годишен маж од Котор. Возилото најпрво удрило во карпа покрај патот, по што се превртело.

    Меѓу повредените има и шест деца. Едно од нив поради сериозноста на повредите било итно транспортирано во Клиничкиот центар во Подгорица, додека останатите се под медицински надзор.

    Несреќата се случила околу 13:10 часот, додека групата српски државјани се враќала од поклоничко патување во манастирот Острог.

    На местото на несреќата бил извршен увид под раководство на обвинител од Основното државно обвинителство во Котор. Истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности што довеле до трагедијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: „Летал” со 179 км/ч – МВР приведе возач, му го задржа и Мерцедесот

    14.07.2026 во 09:21

    Нови цени на горивата: Дизелот поскапе за 5,5 денари, поскапува и бензинот

    14.07.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.