Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори – ќе ги распише крајот на оваа година

    СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори – ќе ги распише крајот на оваа година

    12.07.2026 во 11:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори

    Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година, велат од СДСМ.

    Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, економијата е во колапс, а повеќе не може да се задолжува за финансирање на криминалните тендери на својата група. 

    Кога ќе му се затвори просторот за нови задолжувања, ќе мора да распише избори. 

    Но,  за да не признае дека нема пари и дека ја уништил економијата на земјата, ќе бара алиби од опозицијата. 

    Најверојатно ќе ја искористи темата – Европска унија, како главен изговор.

    Мицкоски веќе со месеци ја запира европската интеграција. Ветената реформска агенда до 1 јуни повеќе не се споменува. 

    Наместо да ги исполни реформите кои би отвориле пат кон Европа, тој чека „покана од Европа“ и порачува „збогум Европо“. 

    Во реалноста, не сака да ги спроведе реформите затоа што тие носат независно правосудство и одговорност за кражбата на парите на граѓаните преку наместени тендери.

    Ќе се врати на старата националистичка и популистичка реторика. Ќе се претстави како „патриот“ кој „не отстапува ни милиметар“ од националниот идентитет, додека СДСМ ќе ја обвинува дека е готова да го продаде идентитетот за европски фондови. 

    Оваа теза ќе му биде централна во кампањата. 

    Во исто време, речиси целата влада, министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства и европски пасоши. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе, додека граѓаните чекаат со чаови на граница. 

    Лажниот патриотизам падна во вода и стана јасен на сите.

    Паралелно се подготвуваат и техничките услови за избори. 

    Мицкоски на сила ја укина техничката влада, а сега се обидува да го протурка Изборниот законик кој овозможува неконтролирано гласање на дијаспората, без соодветни механизми за контрола. 

    Ботовите на социјалните мрежи веќе повикуваат на избори. Преку Латас и Ивона се води силна анти-европска кампања со цел развивање на евроскептицизам. 

    Во исто време, Мицкоски веќе осум месеци работи на создавање на платформи и сателитски партии за да го уситни опозицискиот глас, бидејќи ЗНАМ повеќе не му служи, не може да го помине цензусот.

    Надворешниот притисок е исто така очигледен. Големиот брат Вучиќ најави избори во Србија, а Мицкоски мора да го следи. По падот на Орбан, не смее да ризикува и Вучиќ да падне, бидејќи целиот бизнис (Алта банка) и анти-европската агенда се врзани за него.

    Медиумите на Орбан во служба на ВМРО-ОКГ се под истрага во Унгарија, а во Македонија се префрлаат сопствеништвата.

    Криминална група ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги. 

    Дојде на власт со лаги, владее со лаги, тоа им стана јасно на сите.

    Народот веќе не е наивен. 

    Сите знаат дека изборот не е помеѓу „патриоти“ и „предавници“, туку помеѓу продолжување на изолацијата и криминалот или враќање на европскиот пат.

    Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи, додаваат од опозициската партија.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.