Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Паднатите дрва од невремето се претворија во нешто корисно – Водно доби нов моторички парк
    • Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред
    • Прскање против комарци во пет општини во Југоисточниот регион: Еве кога ќе се спроведува дезинсекцијата
    • Позната причината за смртта на легендарната икона Доли Партон
    • ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир
    • Страшно злосторство во САД: Осумчлено семејство убиено за време на вечера
    • ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот
    • Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Оризот скапува по амбарите – Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп

    СДСМ: Оризот скапува по амбарите – Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп

    12.07.2026 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски, обвинуваат од СДСМ.

    Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп.

    Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд.

    Дополнителен проблем е што Владата на Мицкоски сè уште не кажува каква ќе биде откупната цена за новата реколта, ниту кога ќе бидат исплатени субвенциите.

    Земјоделците влегуваат во нова производствена сезона без никаква сигурност и без поддршка од институциите.

    Во исто време, најавите за драстично ниска откупна цена не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Со вакви политики, оризопроизводството се турка кон целосен колапс.

    Огромни количини ориз остануваат изложени на пропаѓање, што претставува дополнителна економска штета за земјоделците и ризик за целиот регион.

    Оризот со децении беше препознатлив македонски производ и значаен извозен потенцијал.

    Откупната цена во времето на СДСМ беше над 40 денари е сега не е ниту 20 денари за килограм.

    Поради неспособноста на Владата на Мицкоски, производителите ја губат довербата во институциите, а сè повеќе се доведува во прашање опстанокот на ова стратешко производство.

    По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромаши и понижи земјоделците.

    СДСМ бара Владата итно да обезбеди организиран откуп на заостанатите количини ориз, да ја објави откупната цена за новата реколта, да ги исплати заостанатите субвенции и да преземе конкретни мерки за спас на оризопроизводството пред да биде предоцна, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36

    Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел

    26.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.