Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

    10.07.2026 во 12:23

    МВР дел од меѓународна акција на Интерпол: Приведени речиси 6.000 луѓе, запленети скоро 300 милиони долари

    10.07.2026 во 12:14

    Голомеов: Современото рударство е безбедно, економските придобивки воопшто не се за занемарување

    10.07.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски
    • МВР дел од меѓународна акција на Интерпол: Приведени речиси 6.000 луѓе, запленети скоро 300 милиони долари
    • Голомеов: Современото рударство е безбедно, економските придобивки воопшто не се за занемарување
    • Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик
    • ФОТО: Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо
    • Владата најавува нови рекорди во авиосообраќајот: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во регионот
    • Драма во Македонија: Жена го истепала сопругот од кој се разведува
    • Трагедија во Македонија: Малолетно девојче паднало од лулашка и починало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

    Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

    10.07.2026 во 12:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста, овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората, обвини денеска на прес-конференција портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска.

    Таа потенцираше дека социјалдемократите не го оспоруваат правото на иселениците, туку начинот на кој владејачкото мнозинство сака да го спроведе тоа.

    „Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба. Зошто во Македонија граѓаните гласаат со отпечаток од прст, спреј, идентификација и строги контроли, а за дијаспората се предлага електронско гласање без никаква реална контрола? Дали тоа е демократски? Дали тоа е фер?“

    Според Кузеска, предложените решенија за електронско и гласање по пошта се направени со цел да се овозможи простор за манипулации.

    „Мицкоски знае многу добро зошто го турка ова решение. ВМРО-ОКГ има историја на кражба на избори. Пред десетина години видовме како се крадеа гласови, како се организираа паралелни структури и како се користеа сите можни механизми за манипулација. За нив кражбата на пари и кражбата на гласови е исто и во едниот и во другиот случај станува збор за криминал. Сега, кога веќе не им поминуваат лажините афери и дефокуси, се обидуваат преку Изборниот законик да си обезбедат нов механизам за манипулација. Електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е исто така опасно. Разликата е само во методот.“

    Портпаролката на опозициската партија изнесе тврдења дека Владата свесно го блокира процесот за да најде изговор пред меѓународниот фактор за неисполнување на европските обврски.

    „Но, најважно од сè е следново: Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор. Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда. Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува“. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ. Затоа што ЕУ значи независно судство, европско обвинителство и крај на неказнивоста. А токму тоа Мицкоски и неговата банда најмногу го плашат. Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус. Затоа и продолжуваат со манипулациите.“

    Од СДСМ порачуваат дека нема да отстапат од барањата за строго контролиран изборен процес.

    „СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ниту со електронско гласање, ниту со гласање преку пошта без контрола. Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија, ниту од дијаспората. Ќе продолжиме да се бориме за фер и демократски избори, за реформи и за европска Македонија. Сè друго е само продолжение на истата стара игра – игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот.“

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

    10.07.2026 во 11:43

    СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати

    10.07.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.