Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека се работи на разубавување, уредување и подобрување на условите за сите посетители на Водно.
„За Водно, срцето на градот!
Водно е место на мир, рекреација, семејни прошетки, спорт, спомени и поглед кој секогаш нè потсетува колку е убаво нашето Скопје.
Токму затоа, во изминатиот период посветено работевме на негово разубавување, уредување и подобрување на условите за сите посетители.
За првпат досега, на потегот од Сеизмолошката станица до патот кон Сончев Град се поставува ново ЛЕД осветлување, со што овој дел станува побезбеден, поуреден и подостоинствен за сите граѓани.
Поставени се и нови заштитни огради, изведен е нов асфалт, а дополнително се уредени патеките, клупите и летниковците.
Водно заслужува грижа.
Скопјани заслужуваат убави, безбедни и уредени јавни простори.
Да го посетуваме, да уживаме во него, но и да го чуваме.
Затоа што Водно е наше.
Затоа што Водно е срцето на Скопје”, напиша Ѓорѓиевски.

