Во Сараево, при изведување работи на улица, пронајдени се коски со непознато потекло.
Веста ја потврди денеска портпаролката на кантоналното МВР, Мерсиха Новалиќ.
-„Вчеравечер, при изведување градежни работи во улицата ‘Сафвет-бег Башагиќ’ во Сараево, работниците пронашле одреден број коски со непознато потекло. Известен е обвинител, ќе се изврши увид, по што ќе биде познато за каков точно пронајдок станува збор“, прецизираше Новалиќ за „Аваз“.
Според неофицијални информации на „Аваз“, коските биле пронајдени под такси-постојка на Башчаршија.

