Close Menu
Press24
    Најново

    73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар

    07.07.2026 во 09:50

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик поради страв од гласовите на дијаспората

    07.07.2026 во 09:31

    СДСМ против гласањето по пошта за дијаспората: Нема да дозволиме изборен грабеж

    07.07.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик поради страв од гласовите на дијаспората
    • СДСМ против гласањето по пошта за дијаспората: Нема да дозволиме изборен грабеж
    • До 30.000 денари помош за греење на гас: Продолжен рокот за аплицирање
    • МВР со важно известување: Важни информации за кандидатите за Средното полициско училиште
    • Им влегол дома и украл 2.500 евра додека го погребувале синот – Судот во БиХ го потврди обвинението
    • Нови лулашки, обновени клупи, побезбеден простор: Реновирани две детски игралишта во Карпош
    • Топлотен бран во Европа, температури до 43 степени – Горештини најавени и во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар

    73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар

    07.07.2026 во 09:501 Min Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети корисничката на бесплатниот „Сервис за стари лица“, Снежана Чупевска, со цел да се запознае со начинот на функционирање на услугата и нејзиното значење за повозрасните жители.

    Од Општина Центар информираат дека во моментов сервисот го користат 73 лица, од вкупниот капацитет за 90 корисници. Герасимовски ги повика заинтересираните граѓани да аплицираат и да ја искористат можноста за бесплатна поддршка во домашни услови.

    „Со овој проект обезбедуваме помош, социјализација и грижа за нашите повозрасни сограѓани, со што им го олеснуваме секојдневието и им овозможуваме достоинствен престој во сопствените домови“, посочи Герасимовски.

    За време на посетата, тој разговараше со 76-годишната корисничка и со негувателката Бранка Милковска, кои споделија дека услугата не значи само практична помош, туку и создавање блиски односи и поддршка за лицата кои ја користат.

    Сервисот обезбедува посети од негуватели трипати неделно по два часа, помош при секојдневни активности, лична хигиена, подготовка на оброци, набавка на намирници и лекови, како и разговор и дружење.

    За корисниците на кои им е потребна дополнителна здравствена поддршка, обезбедени се и посети од физиотерапевт двапати неделно по еден час.

    Проектот „Сервис за стари лица“ Општина Центар го реализира во соработка со здружението „Хуманост“.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик поради страв од гласовите на дијаспората

    07.07.2026 во 09:31

    СДСМ против гласањето по пошта за дијаспората: Нема да дозволиме изборен грабеж

    07.07.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.