Close Menu
Press24
    Најново

    Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате

    07.07.2026 во 08:41

    Од денеска повисоки цени: Поскапеа бензинот и дизелот

    07.07.2026 во 08:35

    Ѓорѓиевски: Светна уште еден мост – Мал детал што носи голема разлика

    07.07.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате
    • Од денеска повисоки цени: Поскапеа бензинот и дизелот
    • Ѓорѓиевски: Светна уште еден мост – Мал детал што носи голема разлика
    • Температурите во 8 часот низ Македонија – Доаѓаат уште поголеми горештини, но и невреме
    • Нов Кодекс на новинари: Нови стандарди за професионално и етичко известување
    • Нови правила за пратениците: Собранието со Кодекс за поголема одговорност и етичко однесување
    • Денеска е Иванден, раѓање на Свети Јован Крстител – Обичаи кои се пренесуваат со генерации
    • Македонија на Самитот на НАТО: Во Анкара отпатува највисока државна делегација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате

    Важна вест за жителите на Кисела Вода: Еднократна парична помош за штетите од невремето, еве како да аплицирате

    07.07.2026 во 08:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска, на Фејсбук објави дека сите жители на општината погодени од неодамнешното силно невреме, може да аплицираат за доделување на еднократна парична помош за претрпените штети.

    -Драги сограѓани, жители на општина Кисела Вода,

    Поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, многу наши сограѓани претрпеа штети на своите станбени објекти.

    Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување на еднократна парична помош за овие граѓани.

    Лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација:

    Фотокопија од важечка лична карта или пасош (за малолетни лица извод од матична книга на родените);

    Фотокопија од трансакциска сметка;

    Фотографии од настанатата штета;

    Записник од надлежен орган за претрпената непогода;

    Доказ за сопственост на објектот.

    По приемот на барањата, проценка ќе прави посебно формирана Комисија, по што ќе се одлучи за одобрување на финансиските средства.

    Ги повикувам граѓаните целокупната документација да ја достават во најбрз можен рок до Архивата на Општината, за понатамошно постапување од страна на надлежните служби. Остануваме посветени на нашите граѓани!, напиша градоначалничката.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од денеска повисоки цени: Поскапеа бензинот и дизелот

    07.07.2026 во 08:35

    Ѓорѓиевски: Светна уште еден мост – Мал детал што носи голема разлика

    07.07.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.