Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Партиите повторно на маса: Нова рунда преговори за Изборниот законик во Собранието

    Партиите повторно на маса: Нова рунда преговори за Изборниот законик во Собранието

    07.07.2026 во 08:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска се очекува продолжување на разговорите меѓу координаторите на пратеничките групи во обид да се постигне согласност за измените на Изборниот законик.

    Во фокусот на преговорите останува прашањето за начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат гласањето да се организира по пошта, а деталите за неговата примена да бидат утврдени со подзаконски акт што Државната изборна комисија би го донела најдоцна до 30 септември 2028 година. Од партијата посочуваат дека се подготвени да разговараат и за модел со една изборна единица.

    Во меѓувреме, Левица излезе со предлог средствата за државно финансирање на изборното рекламирање на партиите со пратенички групи да изнесуваат 10 проценти, како и одлуките во Државната изборна комисија да се носат со консензус. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквите предлози не се прифатливи.

    Во собраниска процедура се наоѓаат измените на Изборниот законик, за кои СДСМ и Левица поднесоа околу 13.500 амандмани. Најголеми разлики меѓу политичките партии предизвика предлогот за електронско гласање на дијаспората.

    Од СДСМ наведуваат дека не се против правото на гласање на иселениците, туку сметаат дека електронското гласање не нуди доволни гаранции за безбедност, транспарентност и заштита на изборниот процес. Левица, пак, изрази подготвеност да го поддржи овој модел доколку се прифатат нивните барања поврзани со финансирањето на политичкото рекламирање.

    На работните состаноци, претставниците на политичките партии веќе постигнале начелна согласност околу распределбата на буџетските средства за изборните кампањи. Предлогот предвидува 97 проценти од средствата да се распределуваат според бројот на освоени пратенички мандати, додека три проценти да бидат наменети за партии и групи избирачи кои немаат претставници во Собранието.

    Доколку во текот на разговорите биде постигнат политички договор, СДСМ и Левица најавуваат дека ќе ги повлечат поднесените амандмани, со што ќе се овозможи деблокирање на законските измени. Усвојувањето на новиот Изборен законик е една од преостанатите обврски што земјата треба да ги исполни во рамки на реформската агенда.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.