Close Menu
Press24
    Најново

    Современ склад на податоци за статистика: Народната банка во нова дигитална фаза

    06.07.2026 во 11:05

    МВР: „Безбеден град“ спасува животи – Бројот на жртви се намалува

    06.07.2026 во 11:03

    Крадел во цркви и џамии – Македонската полиција уапси малолетник

    06.07.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Современ склад на податоци за статистика: Народната банка во нова дигитална фаза
    • МВР: „Безбеден град“ спасува животи – Бројот на жртви се намалува
    • Крадел во цркви и џамии – Македонската полиција уапси малолетник
    • Како да го заштитите домот од крадци додека сте на одмор – Една грешка ја прават сите, па стануваат лесна мета
    • Позитивни финансиски трендови во Буџетот: Раст на приходите и зголемени инвестиции
    • Скопје: Маж преживеал драма додека шетал низ Градскиот Парк
    • Германски експерти и УКИМ во посета на Пелистер за заштита на шумските ресурси
    • Масовен напад на Киев – Телата на цело семејство извлечени од под урнатините, многу повредени и жртви
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Современ склад на податоци за статистика: Народната банка во нова дигитална фаза

    Современ склад на податоци за статистика: Народната банка во нова дигитална фаза

    06.07.2026 во 11:051 Min Read
    Народна банка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики, кои произлегуваат од проектот финансиран од Европската Унија „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“.

    Како што информираат од Народната банка, првата фаза опфатила анализа на постојната состојба и подготовка на функционална спецификација, додека втората фаза се однесувала на изработка на дизајн на ИТ-решението и на нацрт-документот. Следните фази ќе вклучуваат развој, тестирање и имплементација на новото системско решение.

    Од Народната банка посочуваат дека проектот ќе овозможи воспоставување современ склад на податоци за екстерните статистики, унапредување на интерните процеси преку дигитализација и оптимизација, зголемување на оперативната ефикасност и обезбедување поквалитетни и подостапни статистички податоци за јавноста и институциите.

    Истовремено, поддршката од ЕУ претставува значаен придонес кон исполнување на обврските во процесот на европска интеграција и усогласување со статистичките стандарди и практики на Европската Унија.

    Проектот, покрај воспоставување склад на податоци за екстерните статистики, вклучува и воведување на новиот светски стандард ISO 20022 во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    МВР: „Безбеден град“ спасува животи – Бројот на жртви се намалува

    06.07.2026 во 11:03

    Крадел во цркви и џамии – Македонската полиција уапси малолетник

    06.07.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.