На 05.07.2026 година во 13:20 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение дека сторил кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во селото Брвеница и во две џамии во Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

