На 5 јули 2026 година во 01:45 часот, во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.Н. (25) од Скопје.
Според информациите, тој се однесувал агресивно кон полициските службеници додека тие извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

