Close Menu
Press24
    Најново

    Ристовски: Над 153 милиони денари нови инвестиции во спортската инфраструктура

    05.07.2026 во 14:32

    Мицкоски: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот

    05.07.2026 во 14:05

    СДСМ: Од Мицкоски ништо ново – повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората

    05.07.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ристовски: Над 153 милиони денари нови инвестиции во спортската инфраструктура
    • Мицкоски: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот
    • СДСМ: Од Мицкоски ништо ново – повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората
    • Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
    • Мицкоски: Предвреме вратен е долг од претходната Влада со износ од 700 милиони евра
    • Пијан тинејџер ќе одговара кривично – вознемирувал случајни минувачи
    • Загина охриѓанец – паднал од кров додека ја поправал сопствената куќа
    • Левица: Ако за нешто треба да се кршат копја тоа е една изборна единица, а не електронско гласање на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристовски: Над 153 милиони денари нови инвестиции во спортската инфраструктура

    Ристовски: Над 153 милиони денари нови инвестиции во спортската инфраструктура

    05.07.2026 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, присуствуваше на поставување камен темелник на два значајни инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за сериозен развој на спортот во Кавадарци и тиквешкиот регион.

    Првата инвестиција опфаќа изградба на нов современ спортски објект во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“, проект вреден 118 милиони денари кој ќе овозможи изградба на нова куглана, сала за гимнастика како и сместувачки капацитети за спортисти.

    Паралелно со тоа започнува реализација и на вториот проект — изградба на нов картинг центар во месноста Моклиште, инвестиција вредна 35.247.407 денари, со што градот добива целосно нов спортско-рекреативен комплекс наменет за развој на мотоспортот, рекреативни активности и организација на спортски настани.

    Станува збор за вкупна инвестиција од над 153 милиони денари која претставува дел од поширокиот циклус на капитални вложувања на Владата во спортската инфраструктура низ државата.

    Министерот Ристовски истакна дека спортот повеќе не смее да биде оставен без системска поддршка и дека квалитетната инфраструктура е основен предуслов за развој на нови генерации успешни македонски спортисти.

    -Нема силен спорт без силна инфраструктура. Денеска инвестираме во објекти, но суштински инвестираме во младите луѓе, во нивната иднина и во новите генерации македонски шампиони – порача Ристовски.

    Министерството за спорт и Владата продолжуваат со реализација на нов инвестициски циклус чија цел е рамномерен развој на спортот во сите делови од државата и создавање современи услови за тренинг, натпреварување и развој на спортските клубови и спортистите

    Прочитај повеќе

    Хаос пред мечот Франција – Ирак: Навивачите добија порака да не тргнуваат кон стадионот

    22.06.2026 во 21:49

    Ѓорческа утре против Шпанката Болуда во 1. квалификациско коло на Вимблдон

    22.06.2026 во 19:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.