Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи за Пресс24.
„РЦУК – Велес, не известува дека исчезнато лице во водите на река Вардар во с.Црвени Брегови-општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20.20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е безживотно тело и истото е предадено на обдукција“, велат надлежните за Пресс24.
Според добиените податоци се работи за машко лице на 76 годишна возраст од Неготино.
Г.Л.

