Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пекол во Грција: Температурите над просекот

    Пекол во Грција: Температурите над просекот

    02.07.2026 во 11:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во северна Грција за 1,8 степени, на југот, на Крит за 0,2 степени била повисока температурата во текот на јуни годинава, споредено со просечните температури во периодот 2010-2019 година, а во целата земја, минатиот месец биле измерени температури над просекот, јави дописничката на МИА од Атина.

    Според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метро на Националната опсерваторија во Атина, која работи непрекинато од 2010 година, јуни 2026 година се карактеризирал со повисоки од вообичаените вредности на просечната максимална дневна температура во сите региони на земјата во споредба со просечната вредност на периодот 2010 – 2019.

    Најголемо е зголемувањето на температурата во северна и североисточна Грција, за 1,8 степени и северозападниот и западниот дел на земјата, за 1,4 степени.

    На Пелопонез била за 1 степен повисока, додека во централна Грција и поширокиот регион на Атина за 0,8, односно 0,6 степени.

    Најмало е зголемувањето (за 0,2 степени) на островите во Егејското море, вклучително и Крит.

    – Во Северна Грција, јуни 2026 се рангира како четврти најтопол јуни во периодот 2010 – 2026. Во Западна Грција, Јонското Море и на Пелопонез, се рангира како шести најтопол, во Тесалија и на островите во Егејското море и Додеканезите е седми најтопол, додека во централна Грција и на Крит како осми и десетти најтопол јуни, пишува во анализата на порталот Метео.

    Во однос на Атина, просечното месечно отстапување на максималната температура било 0,4, при што 17 од 30 дена во месецот биле со температури над нормалните вредности за сезоната.

    Во Солун, 16 дена од јуни биле со температури над просекот, а просечното отстапување на максималната температура било 0,1 степен во однос на нормалните вредности.

    Прочитај повеќе

    Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник

    18.08.2026 во 13:29

    Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа

    18.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.