Close Menu
Press24
    Најново

    Божиновска и Солстром: Нов импулс за енергетска соработка и инвестиции

    02.07.2026 во 10:43

    Зајачката риба без мака прегризува конзерва

    02.07.2026 во 10:43

    Тешка несреќа во Македонија: Возило се заби во бандера, повредени две деца

    02.07.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска и Солстром: Нов импулс за енергетска соработка и инвестиции
    • Зајачката риба без мака прегризува конзерва
    • Тешка несреќа во Македонија: Возило се заби во бандера, повредени две деца
    • Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела достигна најмалку 2.295
    • Во Уганда регистриран случај на марбург треска
    • Пропусти во наплата и прегледи без термин утврди Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
    • Филипче ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ
    • Две лица загинаа, а над 30 се повредени во пожар во болница во Германија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска и Солстром: Нов импулс за енергетска соработка и инвестиции

    Божиновска и Солстром: Нов импулс за енергетска соработка и инвестиции

    02.07.2026 во 10:431 Min Read
    МЕРМС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Шведска, како и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, беа потврдени на работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и шведскиот амбасадор Ола Солстром.

    Од Министерството за енергетика информираат дека во фокусот на разговорите биле можностите за продлабочување на соработката во областа на енергетската ефикасност, модернизацијата на енергетската инфраструктура и развојот на паметни и одржливи енергетски решенија, области во кои Шведска важи за еден од европските лидери.

    Божиновска истакнала дека Владата останува посветена на модернизација на енергетскиот систем, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и создавање стабилен и конкурентен енергетски сектор.

    Амбасадорот Солстром нагласил дека Шведска останува посветен партнер на земјава и дека постои интерес кај шведските компании за инвестирање во македонскиот енергетски сектор, особено во проекти поврзани со енергетска ефикасност, инфраструктура и зелени технологии.

    На средбата било заклучено дека постои заедничка волја за интензивирање на соработката и развој на конкретни проекти во областа на одржливата енергија и енергетските реформи, кои треба да придонесат за економски раст, енергетска сигурност и забрзана зелена транзиција.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тешка несреќа во Македонија: Возило се заби во бандера, повредени две деца

    02.07.2026 во 10:40

    Филипче ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ

    02.07.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.