Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик

    01.07.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори. Тоа прво го прифатија, а сега токму поради тоа го блокираат Законот.

    Очигледно е дека на СДС и Левица им пречат реформите, напредокот и секој успех на Македонија.

    СДС и Левица треба да знаат дека овој Изборен законик не е партиски документ. Тој е дел од Реформската агенда, усогласуван со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и е важен чекор кон исполнување на обврските што државата ги има преземено.

    Затоа е неразбирливо зошто СДС и Левица денес го блокираат токму она што вчера го договараа. Единствениот логичен одговор е дека политичката пресметка им стана поважна од интересите на државата.

    Ги повикуваме да престанат со политичките игри, да ги повлечат амандманите кои служат само за опструкција и заеднички да го донесеме Изборниот законик во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија.

    ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата да биде заложник на политички калкулации. Ќе продолжиме да работиме одговорно, да ги спроведуваме реформите и да ги штитиме интересите на сите граѓани, вклучително и на македонската дијаспора, која заслужува еднакво и современо право на глас.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.