Close Menu
Press24
    Најново

    Обид за палење куќа, напади со дрвени предмети – За еден ден пријавени 11 случаи на семејно насилство, уапсени седум лица

    30.06.2026 во 15:56

    Силно невреме со град го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје, алармираат од УХМР

    30.06.2026 во 15:41

    Драма во Гостивар: Пијан маж со автомобил ја скршил вратата од куќата на бабата и дедото, па ја нападнал сопругата

    30.06.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обид за палење куќа, напади со дрвени предмети – За еден ден пријавени 11 случаи на семејно насилство, уапсени седум лица
    • Силно невреме со град го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје, алармираат од УХМР
    • Драма во Гостивар: Пијан маж со автомобил ја скршил вратата од куќата на бабата и дедото, па ја нападнал сопругата
    • Министерство за здравство: Хируршките сали се во целосна функција, нема одложување на операциите
    • УХМР со најнови мерења: Најтопло во Кавадарци, најсвежо во Лазарополе, еве каде наврна најмногу
    • Куманово го укинува бесплатниот автобуски превоз, од утре се враќа редовната наплата
    • Пожар во Блаце: Изгоре викендица и помошна просторија, интервенираа скопските пожарникари
    • Паднаа девет дилери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обид за палење куќа, напади со дрвени предмети – За еден ден пријавени 11 случаи на семејно насилство, уапсени седум лица

    Обид за палење куќа, напади со дрвени предмети – За еден ден пријавени 11 случаи на семејно насилство, уапсени седум лица

    30.06.2026 во 15:563 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Седум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие

    На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка.

    На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н..

    На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка.

    На 30.06.2026 во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината.

    На 29.06.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 51-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејната куќа, нејзиниот сопруг упатил закани на неа и нејзината ќерка, по што се обидел да ја запали куќата.

    На 29.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.М.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 19:00 часот физички ја нападнал во семејниот дом. И.М. е задржан во Полициска станица Гостивар.

    На 30.06.2026 во 05:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ќ., постапувајќи по претходна пријава од неговата 42 – годишна сопруга дека околу 04:00 часот со патничко возило ја скршил влезната врата од домот на нејзините родители, со тврд предмет скршил прозорец од куќата и физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

    На 29.06.2026 во 21:40 часот во СВР Куманово, 44- годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Н.М. ѝ се заканувал.

    На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга.

    На 30.06.2026 во 01:10 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп затоа што упатувал закани на неговиот татко.

    На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(47) од с.Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Драма во Гостивар: Пијан маж со автомобил ја скршил вратата од куќата на бабата и дедото, па ја нападнал сопругата

    30.06.2026 во 15:29

    Пожар во Блаце: Изгоре викендица и помошна просторија, интервенираа скопските пожарникари

    30.06.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.