Петар Георгиевски познат како „Пере Нокаут”, преку објава на Инстаграм се прости од музичката легенда, Владо Јаневски.
-Си замина Владо Јаневски.
Колега, музичар, човек со глас што не се правеше важен, само влегуваше во песна и таму остануваше.
Со Владо работевме и студиски.
Се среќававме низ музика и професионални разговори, мирни, точни, без потреба од големи зборови.
Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага. Владо тоа го знаеше.
Нека почива во мир.
Од денес, неговите песни ќе се слушаат поинаку, напиша Пере Нокаут.
Пејачот почина на 66-годишна возраст по кратко боледување а ќе биде погребан на 1. Јули на Гробиштата во Бутел.

