Земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според официјалните извештаи, потресот се случил во 6:18 часот наутро по локално време, на длабочина од седум километри.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 14 километри источно од градот Зеница и 44 километри северозападно од главниот град Сараево.
Од EMSC напоменуваат дека параметрите на земјотресот сè уште не се прегледани од сеизмолозите, што значи дека се можни дополнителни корекции на магнитудата и локацијата.
Засега во официјалните билтени нема информации за повредени лица или за предизвикани материјални штети.
Еве дел од дословните коментари на граѓаните кои го почувствуваа потресот во утринските часови:
„Во 6:29 часот, беше почувствуван земјотрес. Куќата вибрираше и ме разбуди од сон.“
„Силен земјотрес….Мислев дека мојата куќа ќе се сруши, Какањ.“
„Какањ се тресеше малку, околу пет секунди. Па, ме разбуди.,,,,Беше навистина тешко, воопшто не беше лесно.“
„Ме разбуди, беше ужасно. .. Доooбро се нишаше.“

