Close Menu
Press24
    Најново

    Жена касната од риба зајак на популарно грчко туристичко место каде летуваат многу Македонци

    30.06.2026 во 09:19

    ФОТО: Српска пејачка почина ден пред својот 40. роденден – Трагедија во регионот

    30.06.2026 во 09:10

    Дневен хороскоп: Напредок во работата кај Бикот, нови почетоци кај Лавот

    30.06.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена касната од риба зајак на популарно грчко туристичко место каде летуваат многу Македонци
    • ФОТО: Српска пејачка почина ден пред својот 40. роденден – Трагедија во регионот
    • Дневен хороскоп: Напредок во работата кај Бикот, нови почетоци кај Лавот
    • ВРЕДИ: За 24 години власт Ахмети не направи канализација ни за своето родно место
    • Џокси се прости од Владо: „Седевме пред зграда со гитара во рацете, не нарекуваа Чаирските романтичари”
    • ФОТО: Скопски бизнисмен пронајден мртов во базен – Обдукцијата ќе даде одговори
    • Горештини уште во 8 часот – УХМР ги измери температурите, „врие” и во Скопје
    • Последно збогум за Владо Јаневски – Граѓаните ќе запалат свеќи за пејачот пред „Борис Трајковски”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Џокси се прости од Владо: „Седевме пред зграда со гитара во рацете, не нарекуваа Чаирските романтичари”

    Џокси се прости од Владо: „Седевме пред зграда со гитара во рацете, не нарекуваа Чаирските романтичари”

    30.06.2026 во 08:45Updated:30.06.2026 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонскиот пејач Ѓорѓе Васиќ познат како Џина Папас Џокси, се прости од Владо Јаневски преку трогателна објава на социјалната мрежа Фејсбук.

    -Нѐ нарекуваа „Чаирските романтичари“, поради песните што ги создававме во тоа време, седејќи на Камчето зад зградата, со гитарите во раце. Тоа беа години исполнети со музика, соништа и искрени пријателства.

    Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене на улица „Крсто Асенов“ бр. 10 и ми понудија да отпеам една нивна песна, која, ако добро се сеќавам, се викаше „Ајша“ или нешто слично.

    Со задоволство им излегов во пресрет и песната ја снимивме за потребите на Македонското радио. Сепак, не можев да ја прифатам нивната понуда да станам нивен пејач, бидејќи во тој период заминував од Македонија.

    На почетокот од деведесеттите повторно се сретнавме и дружењето продолжи, но веќе во поинакви околности – како колеги на македонската естрада. Владо беше со „Ластовица“, а јас ја градев мојата соло кариера. Во 1995 година дури делевме и иста хотелска соба за време на Интерфест во Битола.

    Со текот на времето, кога Владо започна самостојна музичка кариера, како да се променија некои негови животни навики. Стана многу поповлечен, целосно посветен на музиката и кариерата. Тоа му донесе големи успеси и заслужено место на македонската музичка сцена.

    Фотографијата што ја споделувам е направена во 2010 година на улица Македонија, заедно со Роберт и Владо. Тоа беше нашата последна средба и последната наша заедничка фотографија.

    Почивај во мир, Владо. Ќе останеш запаметен преку твојата музика и спомените што ги остави зад себе, напиша пејачот.

    Македонската музичка сцена изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач кој себе остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.

    Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.

    Цела естрада се простува од големата музичка легенда. Меѓу имињата кои напишаа емотивни пораки за последно збогум се Калиопи, Игор Џамбазов, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Каролина Гочева, Слаткар, Влатко Лозановски, Дарио, Ребека…и многу други.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Српска пејачка почина ден пред својот 40. роденден – Трагедија во регионот

    30.06.2026 во 09:10

    ВРЕДИ: За 24 години власт Ахмети не направи канализација ни за своето родно место

    30.06.2026 во 08:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.