Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тажна вест: Почина еден од најзначајните македонски режисери

    Тажна вест: Почина еден од најзначајните македонски режисери

    29.06.2026 во 11:05Updated:29.06.2026 во 11:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за култура и туризам со длабока тага ја прими веста за смртта на истакнатиот македонски театарски режисер, драматург и културен деец Сашо Миленковски.

    -Со неговото заминување, македонската култура загуби еден од своите најзначајни и најавтентични театарски творци, чиј богат уметнички опус остави неизбришлива трага во современиот македонски театар. Во текот на својата повеќедецениска кариера, Миленковски реализираше повеќе од педесет театарски претстави, афирмирајќи ја македонската драмска литература и создавајќи сценски дела кои ќе останат трајна вредност во националното културно наследство.

    Како режисер, драматург и директор на Македонскиот народен театар, а подоцна и драматург во Драмскиот театар – Скопје, Сашо Миленковски даде исклучителен придонес во развојот на македонската театарска уметност и во промоцијата на домашното творештво во земјата и надвор од неа. Неговата посветеност, визија и препознатлив авторски ракопис инспирираа генерации театарски уметници и оставија длабок белег во културниот живот на Македонија.

    Министерството за култура и туризам изразува искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и до целокупната македонска културна јавност.

    Споменот на Сашо Миленковски и неговото значајно творештво ќе останат трајно вградени во историјата на македонската култура, напишаа во соопштение од Министерството за култура.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.