СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината.
Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон. На тој начин, пријавениот и предизвикал значителна материјална штета на општина Дебрца.
- Осум години приватни фирми работеле без да платат денар на општина Дебрца, екс-градоначалникот заработи кривична
- Пијан охриѓанец направил карамбол на „Туристичка“: Со „мерцедес“ удрил во шест коли, па побегнал
- Кузеска за двегодишното владеење на Владата: Наместо резултати, добивме лаги и закани
- Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор
- Астро прогноза за викендот: Четири знаци пред деловен напредок, за останатите време за емотивно расчистување
- Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатенинајмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот
- Филипче најави реформи во три столба
- Приведен 55-годишник од Теарце: Предизвикал пожар на нива на патот Тетово – Јажинце

