Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени

    03.08.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38

    МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна

    03.08.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН со нов конкурс за стипендии за двегодишни МБА студии во Солун

    МОН со нов конкурс за стипендии за двегодишни МБА студии во Солун

    26.06.2026 во 09:462 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година.

    Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун.

    Програмата е наменета за стручни кадри и бизнис менаџери од приватниот и јавниот сектор и се реализира во шест насоки: општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

    Од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк соопштија дека со стипендиите „Борис Трајковски“ повеќе од две децении им се овозможува на македонските професионалци пристап до врвно европско образование без напуштање на државата и прекин на кариерата, со можност за стекнување диплома од два европски универзитета.

    Наставата се одвива за време на викенди во Солун, дополнета со студиски престои во Обединетото Кралство и Франција. По завршувањето, студентите добиваат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација.

    Паневропската МБА-програма е дел од меѓународно акредитирана мрежа на бизнис-образовни институции и нуди високо рангирано образование со глобално признати стандарди.

    Крајниот рок за пријавување за стипендиите „Борис Трајковски“ е 31 јули 2026 година.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени

    03.08.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.