Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Т., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“.
Пријавениот Б.Т., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16.05.2025, при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка.
Додека, на 19.05.2025, при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката, а се однесувале на дадени искази на лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и податоци во врска со издадени наредби за приведување на лице.
- Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
- Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
- Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
- Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
- Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
- Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“
- Полска ги подигна борбените авиони: Руски хеликоптер навлегол во воздушниот простор
- Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството

