Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос пред мечот Франција – Ирак: Навивачите добија порака да не тргнуваат кон стадионот

    Хаос пред мечот Франција – Ирак: Навивачите добија порака да не тргнуваат кон стадионот

    22.06.2026 во 21:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Натпреварот меѓу Франција и Ирак, кој вечерва се игра во Филаделфија во рамките на второто коло од групата И на Светското првенство 2026, се најде под закана од силно невреме.

    Според локалните метеоролошки служби, за подрачјето на Филаделфија е издадено предупредување за силни бури, обилни врнежи, силен ветер и грмежи во периодот кога треба да се одигра натпреварот на стадионот „Линколн Фајненшел Филд“.

    Поради временските услови, организаторите го одложија отворањето на стадионот и испратија апел до навивачите привремено да не тргнуваат кон арената.

    „Поради неповолните временски услови во регионот, отворањето на капиите ќе биде одложено. Доколку не сте во близина на стадионот, ве молиме засега да не патувате. Новиот термин за отворање ќе биде соопштен по минувањето на невремето. Ако се наоѓате во близина на стадионот, побарајте засолниште“, соопштија организаторите.

    Капиите подоцна беа отворени околу половина час подоцна од планираното, а почетокот на натпреварот засега останува закажан според предвидениот распоред.

    Поради невремето беше затворена и ФИФА навивачката зона во Филаделфија, додека метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време би можело да продолжи и во вечерните часови.

    Лошото време го зафати и подрачјето околу стадионот „МетЛајф“ во близина на Њујорк, каде подоцна треба да се одигра натпреварот меѓу Норвешка и Сенегал.

    Поради временските услови е откажано и организираното јавно следење на тој натпревар во комплексот каде што се одржува тенискиот турнир УС Опен.

    Според правилата на ФИФА, натпреварите се прекинуваат доколку се регистрира молња во радиус од околу 13 километри од стадионот.

    Прекинот трае најмалку 30 минути, а доколку во меѓувреме се појави нова молња, одбројувањето започнува одново.

    Во случај на прекин, фудбалерите ќе се повлечат во соблекувалните, а навивачите ќе бидат упатени да ги напуштат трибините и да побараат засолниште, согласно безбедносните протоколи што важат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

    Франција и Ирак играат натпревар во кој „триколорите“ со евентуална победа можат уште вечерва да обезбедат пласман во шеснаесетфиналето на Мундијалот.

    Прочитај повеќе

    Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион

    22.10.2026 во 22:15

    Лоши вести за Новак Ѓоковиќ

    22.10.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.