Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Претходната власт остави руинирано правосудство, денес законите се носат транспарентно

    Петрушевски: Претходната власт остави руинирано правосудство, денес законите се носат транспарентно

    22.06.2026 во 20:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој истакна дека законите од областа на правосудството се носат низ транспарентна постапка, со вклучување на јавноста и експертската фела.

    „Овие закони кои што се дел од планот за раст ги носиме низ една  транспарентна постапка, нешто што не било случај во минатото, имаме буквално за секој закон јавна расправа, каде што слушаме експертско мислење она што значи квалитативно подобрување на законите и нормално на крајот она што е најбитно, доаѓа  мислењето од Европската комисија кое што сакаме да го имплементираме, конкретно за овие закони од делот на правосудството, суштината е дека треба да ги носиме низ една транспарентна постапка“, рече Петрушевски.

    Тој посочи дека во изминатите две години биле организирани двојно повеќе јавни расправи во споредба со претходната влада во период од четири години, што, според него, претставува значителен исчекор во транспарентноста при носењето на законите.

    „За овие две години сме имале двојно повеќе јавни расправи колку што претходната влада за 4 години, што значи дека имаме сериозен исчекор во транспарентноста и она што значи јавност и објективност при носење на законите, секоја амандман ќе биде сериозно разгледен, анализиран и мислам дека низ една транспарентна постапка ќе дојдеме до најдобрите решенија“, посочи Петрушевски.

    Во своето гостување тој упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека претходната власт не спровела суштински реформи во правосудството и оставила систем со ниска доверба кај граѓаните.

    „Ако споредиме претходно кога ништо не било работено и сега ќе слушаме овде вулгаризми од истите луѓе коишто еден член не смениле од тие реформски закони, мислам дека не соодвестува со реалноста, особено ако се земе предвид дека две години не е долг период , до пред само две години оваа опозиција овие пратеници кои сега седат во опозициските клупи беа на високи позиции во владата, зошто тогаш не оставија подобра стартна позиција на оваа Влада па да можеме сега да разговараме за покрупни реформски чекори кои ќе можеме од финансиски аспект и легислативен аспект да ги преземеме како држава, напротив ни оставија руинирано правосудство со 2% рејтинг“, вели Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.