Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот

    Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот

    22.06.2026 во 14:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е ставена на дневен ред на 106. пленарна седница закажана за в среда, 24 јуни, додека во четврток, на 25 јуни, ќе се одржат редовните пратенички прашања до премиерот и министрите.

    На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието најави одржување на уште една седница до крајот на јуни, наменета за законите поврзани со реформската агенда, како и продолженија на другите започнати седници.

    Во однос на реконструкцијата на Владата, беше посочено дека седницата ќе биде закажана во моментот кога предлогот официјално ќе биде доставен до законодавниот дом.

    Без да имаме предлог за промена во владиниот Кабинет ние не можеме ништо да прејудицираме. Зависи од тоа дали ќе има нов предлог и кога ќе биде доставен – изјави претседателот на Собранието.

    Дополнително, најавено е дека во текот на утрешниот ден до Собранието треба да пристигне ребалансот на Буџетот за 2026 година, со што ќе почнат да течат собраниските рокови пред пратениците да заминат на планираниот одмор од 1 до 31 август.

    Дел од реформскиот пакет закони што се разгледуваат се предлог-законите за судска и за јавнообвинителска служба, законот за користење на енергија од обновливи извори, како и Предлог-законот за високи раководители и измените за електронски комуникации, угостителска дејност и договорен залог.

    Ако Владата достави нови закони поврзани со реформската агенда веднаш ќе свикаме седница, комисиска расправа и се што е потребно да се стигне до 30 јуни – порача првиот човек на Парламентот.

    Прашан за политичката стабилност и евентуални предвремени избори, тој истакна дека принципиелно секогаш поддржува редовни изборни циклуси, но додаде дека одлуката на крајот му припаѓа на мнозинството од 61 пратеник.

    Принципиелно мислам дека треба редовни избори да бидат, но тоа е тоа – додаде тој.

    Околу проблемот со пратениците како Мендух Тачи и Али Ахмети, кои воопшто не доаѓаат на седници и комисии, беше потенцирано дека граѓаните се оние кои го даваат легитимитетот, а Собранието нема механизам за принуда.

    Ние имаме механизми, Деловник за работа, но не можете со сила некого да натерате да дојде во Собрание. Ако граѓаните се одлучат да гласаат ние мора да го почитуваме тоа – заклучи тој, информирајќи и дека Европскиот парламент побарал од шесте земји од Западен Балкан да формираат граѓански форум.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.