АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да се почитуваат следните упатства:
- Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација
под проводниците на далекуводите - Не поставувајте цевководни системи за наводнување во далекуводните
траси и под проводните јажиња - Не ги кревајте металните цевки во близина на проводниците, бидејќи
металот е проводник на електрична енергија - Не го поставувајте прскалките за наводнување под проводниците и во
безбедносните коридори на далекуводите. Допирот на водениот млаз со
проводниците може да предизвика сериозни последици и да го загрози
човечкиот живот - Не палете стрништа во близина на далекуводи, бидејќи пожарите можат да
предизвикаат прекини и оштетувања во електропреносниот систем.
Дополнително, апелираме до спортските риболовци да бидат внимателни при
користење на риболовните стапови во близина на далекуводите, а граѓаните да не
вршат градежни работи на трасите и заштитните коридори на далекуводите.
Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствената безбедност и безбедноста
на другите!
Не загрозувајте ја вашата безбедност и сигурноста на електропреносниот систем!

