Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Огњеновиќ: Мицкоски им ја украде иднината на младите

    Огњеновиќ: Мицкоски им ја украде иднината на младите

    22.06.2026 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Петар Огњеновиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики до извршната власт, оценувајќи дека по две години од владеењето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, младите луѓе во земјава изгубиле години и надеж.

    Според подмладокот на опозицијата, владејачката партија во предизборната „Платформа 1198“ ветувала намалување на иселувањето, повисок животен стандард, задржување на младите во државата и отворање на 70.000 нови работни места. Огњеновиќ нагласи дека биле ветени и конкретни мерки за поддршка во образованието, домувањето и претприемништвото, но дека по две години ништо од тоа не е реализирано.

    Од СДММ обвинуваат дека со блокирањето на европскиот пат на државата, на младата популација и се скратени перспективите, што резултира со зголемено разочарување, неизвесност и изолација. Како директна последица на ваквите политики, опозицијата посочува дека денес секој трет млад човек размислува да ја напушти државата, не поради тоа што не ја сака Македонија, туку затоа што нема доверба во актуелната власт.

    Лидерот на СДММ во своето излагање додаде и дека премиерот прво упатувал јавни повици за враќање на младите луѓе во татковината, за веднаш потоа да најави нивна замена со таканаречени „економски работници“. Прес-конференцијата беше заокружена со став дека изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во реалноста донела само разочарување за младите граѓани.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.