На 20.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ дека во 12:45 часот при извршен преглед во установата кај Р.Р. (42) од село Трубарево, скопско, осуденик во затворот, била пронајдена и одземена марихуана.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

