Close Menu
Press24
    Најново

    Тренчевска: ВМРО ветуваше намалување на сиромаштијата, а уште во првата година од мандатот донесе зголемување од 22%

    22.06.2026 во 11:16

    Многу топло, па пресврт: УХМР најави невреме – Опасност од бури во цел регион

    22.06.2026 во 11:12

    Здравството под лупа: Обуки за препознавање и спречување корупција

    22.06.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: ВМРО ветуваше намалување на сиромаштијата, а уште во првата година од мандатот донесе зголемување од 22%
    • Многу топло, па пресврт: УХМР најави невреме – Опасност од бури во цел регион
    • Здравството под лупа: Обуки за препознавање и спречување корупција
    • УЈП го презеде едногодишното претседателство со Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA)
    • Германија подготвува пензиски шок: Се укинуваат мини-работните места и се продолжува работниот век до 70 години
    • Цената на нафтата продолжува да паѓа
    • Еди Рама „удри” по протестите во Тирана: Албанците од Македонија не се дијаспора
    • Грција мобилизира професионалци и аматери во лов на смртоносна риба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст

    СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст

    22.06.2026 во 09:05Updated:22.06.2026 во 11:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови, пишува во денешното соопштение на СДСМ.

    Анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети.

    Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни.

    Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8% двојно повисока од просекот во Европа.

    Ветуваа повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции паднаа за речиси две третини.

    Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемена сиромаштија од 22% и намалена куповна моќ.

    Ветуваа намалување на задолжувањето а ги зголемија долговите за 2,5 милјарди евра.

    Ветуваа поддршка за земјоделците од 180 милиони евра, а субвенциите ги намалија за 40 милиони евра.  Намалени субвенции, намален откуп, неизвесен пласман и целосно отсуство на системска грижа.

    Ветуваа мерки за младите да не се иселуваат, ништо не направија.

    Ветуваа искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали тешки над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на правосудството.

    Ветуваа напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес е со блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација.

    Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!

    Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на платите. Нула во мерките за младите. Нула во поддршка за земјоделците. Нула во европскиот пат.

    Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тренчевска: ВМРО ветуваше намалување на сиромаштијата, а уште во првата година од мандатот донесе зголемување од 22%

    22.06.2026 во 11:16

    Многу топло, па пресврт: УХМР најави невреме – Опасност од бури во цел регион

    22.06.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.