Close Menu
Press24
    Најново

    До крајот на месецов новите кадровски решенија во Владата ќе се најдат пред пратениците

    20.06.2026 во 12:08

    Страшна сообраќајка кај Свети Николе: Десетмина повредени

    20.06.2026 во 12:03

    СДСМ: Нов театар на тендер коалицијата

    20.06.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • До крајот на месецов новите кадровски решенија во Владата ќе се најдат пред пратениците
    • Страшна сообраќајка кај Свети Николе: Десетмина повредени
    • СДСМ: Нов театар на тендер коалицијата
    • СДСМ: Економски колапс, тешка политичка изолација и контунирано лажење – ова е билансот од две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ
    • Пола Скопје денеска без вода
    • Километарски колони на граничните премини – се чека по 40 минути на „Богородица“ и „Дојран“
    • Три лица претепале 83-годишен скопјанец
    • Тројца загинати во руски напади врз Краматорск
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До крајот на месецов новите кадровски решенија во Владата ќе се најдат пред пратениците

    До крајот на месецов новите кадровски решенија во Владата ќе се најдат пред пратениците

    20.06.2026 во 12:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голема кадровска чистка во извршната власт и на локално ниво ќе се финализира најдоцна до крајот на овој месец, најави премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната средба со претставниците на ВРЕДИ и во пресрет на денешниот состанок со ЗНАМ

    Шефот на владата открива дека целиот процес е веќе во завршна фаза и наскоро официјалниот список ќе биде доставен до пратениците.

    „Многу бргу ќе го затвориме овој процес во, условно кажано, првиот ешалон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок и со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира. Така што… најдоцна до 1 јули списокот да се најде во Парламентот пред парламентарците.“, рече Мицкоски.

    Сепак, владината метла нема да запре само на министерските позиции, туку по деталните анализи на ефикасноста ќе продолжи длабински низ целата државна структура.

    Премиерот јасно стави до знаење дека партиските книшки нема да ги спасат оние кои покажале лоши резултати во подрачните единици и општините.

    „Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свое мислење за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро… така што процесот ќе продолжи во втората фаза таму, во текот на летото.“, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Страшна сообраќајка кај Свети Николе: Десетмина повредени

    20.06.2026 во 12:03

    СДСМ: Нов театар на тендер коалицијата

    20.06.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.