!250 години независност на САД – децениско партнерство со Македонија
Ми беше особена чест, вечерва заедно со в.д. амбасадорот на САД, Н.Е. Никол Варнс, да присуствувам на концертот на Free Groove, бенд на американската армија, по повод прославувањето на две и пол вековната независност на САД, пишува на ФБ, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ова е јубилеј на една идеја за слобода, демократија, за еднакви можности и верба дека иднината им припаѓа на оние кои имаат храброст да ја создаваат.
Изразувам искрена благодарност до САД за децениското партнерство, кое било и останува важен двигател на многу позитивни промени во Скопје и Македонија и силна поддршка за нашиот развој.
Како градоначалник на главниот град, останувам посветен на уште поголема соработка, на продлабочување на пријателските односи и на заеднички проекти кои ќе донесат конкретен бенефит за нашите сограѓани.
Нека е честита 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.
Нека бидат вечни пријателството, партнерството и довербата меѓу нашите народи, дополнува Ѓорѓиевски.

